5 неизбежни промени кај жените по 50-тата година

Сите луѓе се менуваат со годините, но не сите промени се пријатни. Следат неколку понекогаш неизбежни промени кои им се случуваат на жените во педесеттите години од животот.

1.Промени во мозокот кој старее



Заедно со телото, старее и мозокот. Промените поврзани со возраста кои се случуваат во некои функции на мозокот, многумина почнуваат да ги забележуваат по 50-тата година. Но, ако Вашата работа е креативна и водите здрав начин на живот, поголема е веројатноста да имате „бистра глава“ и во староста. Научниците велат дека медитеранската храна може да ги запре негативните промени во функцијата на мозокот поврзани со возраста. Оваа исхрана е богата со овошје, зеленчук и здрави масти.

2.Ослабување на слухот

Околу 40 отсто од луѓето над 50 години имаат разни проблеми со слухот. Овие здравствени тешкотии може да бидат предизвикани од гените, високиот крвен притисок, метаболичкиот синдром… Се препорачува редовна проверка на слухот кај специјалист.

3.„Кревки“ коски

Ако исхраната е „скржава“ на калциум и витамин Д, коските може да ја изгубат силата и пред 50-от роденден. Стручњаците велат дека жените со лоши навики можат да имаат проблеми со минералната густина на коските уште на 35-годишна возраст.

По 50-та година, коските се покревки кај жените отколку кај мажите. И, тоа е поради менопаузата, топлотните бранови, намаленото производство на естроген… Важно е тоа дека храната богата со калциум и витамини не е сѐ што Ви треба. Потребна е и физичка активност.

4.Слаби мускули



Ова е особено забележливо на рацете. За подобрување на мускулниот тонус, треба да се прават 2-3 сесии вежбање за сила во рацете неделно. За почеток, може тоа да биде едноставни неколку вежби со фитнес ленти и лесни тегови.

Покрај вежбањето, треба и да се внесат барем 20-25 грама квалитетни протеини во секој оброк – преку јајца, морски плодови, помаку мрсно говедско, телешко, пилешко…

5.„Безбојна“ кожа

Со возраста, кожата почнува да губи важен протеин – колагенот. Како резултат на тоа, се појавуваат брчки, се губи тонот на кожата и сл. Колку побрзо оди ова, толку постаро жената изгледа.

Исхраната богата со витамин Ц и колаген, ќе Ви помогне да си го вратите сјајот на кожата. Исто така, и соодветниот режим на хидратација е битен.

Извор:  МИА
Објавена на 07.12.2021 12:45:05