Здрави оброци со ликовите од цртаните филмови

Лалех Мохмеди е 35-годишна мајка која за својот син подготвува вкусни оброци со ликови од цртаните филмови. Нејзиниот труд и креативноста привлекуваат сѐ повеќе следачи на Инстаграм.



Сѐ почнало пред шест години, кога палачинките за синот ѝ, „ги претворила“ во лав, кој многу му се допаднал, па сакал уште слични порции со неговите јунаци. Така двајцата почнале да минуваат повеќе време во кујната, а и учат повеќе за здравата исхрана.

– Купувам свежи производи без рафиниран шеќер и конзерванси. Исто така користам активен јаглен во прав и природни бои добиени од зеленчук, за да ги подготвам сите оброци, вели Лалех.

Нејзиниот Инстаграм-профил „Jacob’s Food Diaries“ за еден месец стана хит и го привлече вниманието на списанијата како „Time” и „Huffington Post”.

Извор:  МИА
Објавена на 06.12.2021 13:36:16