Футурама

ФОТО: Сонцето во своето највеличествено издание

Астрофотограф ја објави најчистата фотографија од Сонцето која што досега била направена.

Ендрју Мекарти постави 150.000 индивидуални слики од Сонцето за да ги пренесе сложените зачудувачки детали од најголемата ѕвезда на Сончевиот систем. Фотографот, кој на Инстаграм е познат како @cosmic-background, ги дефинира ситните кратери и огнените бранови кои се појавуваат на површината на Сонцето.

Процесот преку кој е добиена оваа фотографија е мошне тежок и бара специјален телескоп со два филтри, за да се спречи пожар и фотографот да ослепи.

Дури кога ќе завршам со  обработката на сликата, всушност гледам како таа навистина изгледа.Секогаш ме возбудува фотографирањето на Сонцето, тоа е навистина интересно бидејќи секогаш е различно, вели Мекарти.


Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 06.12.2021 13:23:28