Омнибус

Американка третпат во 3 години освојува 50.000 долари на лото

Некој игра игри на среќа цел живот и не добива ништо, а една жена од сојузната американска држава Мериленд по третпат во 3 години добива 50.000 долари на иста лотарија.



Добитничката изјавила дека просто не може да верува дека и овојпат ја добила премијата.

– Едноставно не можев да поверувам, повторно!, изјавува 61-годишната жена.

Таа купила само два лоза во вредност од пет долари, па еден од нив ѝ ја донел наградата од 50.000 долари.

Извор:  МИА
Објавена на 29.11.2021 11:19:39