Футурама

Парче човечки мозок одржано во живот 12 часа

Парче човечки мозок, за прв пат е одржано во живот 12 часа, како дел од од студија која има за цел да помогне во пронаоѓањето на нови лекови и третмани за фатални болести.



Научниците од Универзитетот во Копенхаген, предводени од Ема Луис Лутх, отстраниле парче мозок, со големина од 1 см, од кортексот на пациент и започнале процедура да го одржат во живот.

Тимот прво гo изладил ткивото, одржувајќи го оксигенирано за да остане живо, а потоа го ставил во мешавина од јони и минерали – истите состојки кои може да се најдат во целебралната течност.

Вака зачуваниот примерок од човечки мозок останал жив во времетрање од 12 часа, што им овозможило на научниците да направат испитувања кои досега беа возможно да се изведат само врз животни.

-Студиите кои досега ги правевме врз глувци се како да гледате во Nokia 3310, а се обидувате да поправите iPhone. Тие ги имаат истите основни функции, но постои далеку поголема комплексност во човечкиот мозок. Знаеме дека постојат разлики во типот на клетките и функционирањето на определени рецептори. Затоа можноста да се тестира директно врз човечко ткиво навистина е неверојатна, вели Луис.

Студијата се фокусира на допаминските врски помеѓу невроните кај луѓето и кај глувците и покажува дека неуротрансмитерот кој е задолжен за награда ја зајакнува конекцијата помеѓу неуроните и човечкиот мозок.

Овој податок може да доведе до нови можности за третман, на пример за време на рехабилитација по мозочен удар или други видови на акутно оштетување на мозокот, кога се губат синаптичките врски во мозокот.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 29.11.2021 11:10:52