Мали тајни за добар и здрав појадок

Намирниците кои ги јадете како прв оброк во денот, треба многу внимателно да ги избирате. Некои производи може да предизвикаат зголемено лачење на желудочната киселина, па така може да предизвикаат тегоби, а долгорочно и гастритис.

На веќе оштетен желудник, тешко му е да ја преработи сировата, киселата, масната или слатката храна, топлите печива и шеќери.

За појадокот да ви биде поефикасен, внимавајте да не внесувате некои од следните намирници на празен желудник:

Квасецот и топлите производи од тесто предизвикуваат чувство на надуеност. Па токму затоа не се препорачуваат да се консумираат наутро.

Јогуртот содржи голем број на бактерии корисни за варењето, но на празен желудник поттикнува создавање на додатни киселини, а тоа може да го отежни барањето и да го надразне желудникот.

Кафето на празен желудник предизвикува создавање на дополнителни желудочни сокови. Ако наутро не јадете и пиете само кафе, ризикувате од нарушување на системот за варење. Па затоа, трудете се наутро со кафето да консумирате и некоја храна.

Цитрусите се комбинација од слатко и кисело, па може да го иритираат празниот желудник.

Шеќерот може да предизвика дисбаланс на инсулинот и шеќерот во крвта, бидејќи брзо се апсорбира во организмот. Поради тоа панкреасот почнува многу брзо да лачи инсулин, хормон кој ја разградува гликозата. По делувањето на инсулинот, нивото на шеќер во крвта наеднаш паѓа, па се чувствуваме уморно и безволно.

Сите овие намирници со друга храна делуваат мошне позитивно на нашето здравје. Нутриционистите препорачуваат многу поздрави варијанти за појадок:

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 29.11.2021 10:29:59