Брајан Адамс по втор пат позитивен на коронавирус

Канадскиот рок-пејач Брајан Адамс објави дека е во Италија и оди во болница, откако вторпат за помалку од еден месец бил позитивен на тест за Ковид-19.



– Тука сум, штотуку пристигнав во Милано и по вторпат за еден месец имам позитивен тест на Ковид. Затоа одам во болница, напиша рокерот на Инстаграм.

Тој, иако наводно бил вакциниран, и претходно бил позитивен – на 31 октомври, иако немал никакви симптоми.

Извор:  МИА
Објавена на 26.11.2021 10:14:38