Гвардиола за победата над ПСЖ: Тоа беше прекрасна вечер за нас

Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола им се заблагодари на навивачите за поддршката по победата синоќа над Пари Сен-Жермен во 5. коло од Лигата на шампионите.



– Секогаш е опасно кога ја имаат топката во третата зона. По голот на ривалите бевме нокаутирани пет или десет минути. Им благодариме на нашите навивачи што дојдоа и не поддржаа. Тоа беше прекрасна вечер за нас, изјави Гвардиола за официјалниот сајт на УЕФА.

Головите за Сити ги постигнаа Рахим Стерлинг во 63. минута и Габриел Жезус во 76., претходно гостите од Париз поведоа преку Килијан Мбапе во 50. минута.

Двете екипи веќе го обезбедија учеството во осминафиналето од елитното фудбалско натпреварување.

се запалени. Пожарот не избувнал од нив. Верзијата за терористички акт е професионално разгледана и земени се анализи од автобусот за постоење на терористички акт. Категорично ги отфрламе тие верзии. Не станува збор за терористички акт, изјави Сарафов.

Екипа од обвинителството утре заминува за Скопје за подигање на изработените ДНК профили од роднини на настраданите, кои потоа ќе се искористат за идентификување на починатите. Потоа, нагласи Сарафов, ќе може телата на жртвите да им се предадат на нивните семејства.

Извор:  МИА
Објавена на 25.11.2021 11:16:05