Омнибус

Научен запис на Алберт Ајнштајн продаден за над 11 милиони евра

Ракопис на познатиот физичар Алберт Ајнштајн, во којшто тој ја подготвувал својата Теорија на релативноста, е продаден на аукција за рекордни 11,6 милиони евра, во Париз.



Претходните рекорди за ракопис на Ајнштајн беа 2,4 милиони евра, исплатени по наддавањето во 2018-та година за еден напис за Бог и – 1,39 милиони евра во 2017-та во Ерусалим, за писанието за тајната на среќата. Штотуку продадениот документ се проценуваше на два – три милиони евра. За разлика од двата претходни рекордни ракописи, овој запис е научно дело.

Станува збор за ракопис на 54 страници напишан 1913 – 14 година во Цирих, Швајцарија, од Ајнштајн и неговиот соработник Микеле Бесо.

Аукциската куќа „Кристи“, каде што се одржа лицитацијата, пред продажбата соопшти дека ваквите документи се многу ретки за тој период и воопшто за периодот пред 1919-та година.

Извор:  МИА
Објавена на 24.11.2021 09:32:22