Леброн се обиде да стапи во контакт со Стјуарт за да се извини

Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс се обидел да стапи во контакт со центарот на Детроит, Исаја Стјуарт за да се извини за инцидентот на вчерашниот дуел.



За потсетување, Џејмс беше исклучен на средбата со Детроит (121:116) поради удирање со лакт во лицето на Стјуарт во борбата за одбиена топка по едно слободно фрлање по што противничкиот кошаркар доби исеченица на аркадата. После тоа, Стјуарт сакаше да се пресмета физички со Леброн, но беше сопрен од другите играчи и персоналот.

Според „Bleacher Report“, по натпреварот Џејмс се обидел да го добие телефонскиот број на центарот за да се извини и да објасни дека ударот бил случаен. Не се знае дали успеал во тоа.

По инцидентот, НБА го суспендираше Џејмс на еден натпревар, а Стјуарт на два.

Извор:  МИА
Објавена на 23.11.2021 11:11:46