Фудбалерите на ПСЖ веруваат дека Зидан наскоро ќе го води клубот

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан може да го води Пари Сен-Жермен. Според „Марка“, фудбалерите на парискиот клуб веруваат дека 49-годишниот Французин ќе стане шеф на стручниот штаб во блиска иднина.



Името на Зидан се споменуваше за време на разговорите меѓу играчите. Свесни се што се случува во клубот и чувствуваат дека наскоро може да се случи промена.

Претходно, неколку медиуми во Англија објавија дека Маурисио Покетино би можел да го води Манчестер јунајтед, а Зидан да го замени во Пари Сен-Жермен.

Извор:  МИА
Објавена на 23.11.2021 11:07:03