Футурама

Русија и САД во заедничка мисија на Венера

Русија постигна договор за истражување на планетата Венера во заедничка мисија со САД, изјави шефот на руската државна вселенска агенција „Роскосмос“, Дмитриј Рогозин.



– Постигнавме договор со Американците за заедничка мисија на Венера… Заедно полесно ќе ги надминеме предизвиците, економски и технички. Ваквите проблеми полесно се решаваат со користење на знаењата на нашите научници, додаде Рогозин, не прецизирајќи кога би можела да почне мисијата.

Најблиската планета до нас, Венера по големина е слична на Земјата, но нејзината површина е обвиткана со дебели облаци и поради огромниот ефект на стаклена градина, нејзината површина е неколку стотици Целзиусови степени повисока од оваа на нашата планета.

Русија првпат најави мисија на Венера лани, со првични датуми на лансирање летало меѓу 2027 и 2029 година. Неодамна и Обединетите Арапски Емирати објавија намери да ја истражат оваа „сестринска планета“.

Извор:  МИА
Објавена на 22.11.2021 13:08:08