Реалити ѕвездата, Ким Кардашијан и комичарот Пит Дејвисон и официјално се двојка.
Ким (41) и Пит (28) беа уловени од папараците како се држат за рака за време на својата прошетка во Палм Спингс. Дејвисон го прослави роденденот заедно со Ким во куќата на нејзината мајка Крис Џенер, па и повеќе од јасно е дека не станува збор само за мала авантура. Иако многумина се надеваа дека Ким и Каније ќе ги надминат несогласувањата во бракот, по се изгледа дека Кардашијан и понатаму е решена да се разведе од раперот.
Каније (44) кој неодамна го промени своето име во Је, во јуни беше поврзуван со Ирина Шајк, а само пред неколку недели беше забележан во јавноста со Инстаграм моделот, Винетрина (22).