Премира на новото поглавје од ,,Сексот и градот”

Новата Max Original серија „И едноставно така“ (And Just Like That), која воедно е и ново поглавје на култната HBO серија „Сексот и градот“, ќе има премиера на 9. декември на HBO GO кога во понудата пристигнуваат првите две епизоди. Потоа, нова епизода ќе биде достапна секој четврток, а вкупно се десет епизоди.



Од извршниот продуцент Мајкл Патрик Кинг, серијата „И едноставно така“ ја следи Кери (Сара Џесика Паркер), Миранда (Синтија Никсон) и Шарлот (Кристин Дејвис) кои од возбудливото патување низ компликуваната стварност на животот и пријателите во своите триесетти години зачекоруваат во уште покомплицирана стварност на животот и пријателите во своите педесетти години.

Во серијата настапуваат и Сара Рамирез, Сарита Чодхури, Никол Али Паркер, Карен Питман, Крис Нот, Марио Кантон, Дејвид Ајгенберг, Вил Гарсон и Еван Хендлер. Извршни продуценти се Сара Џесика Паркер, Кристин Дејвис, Синтија Никсон, Џули Ротенберг, Елиса Зурицки, Џон Мелфи и Мајкл Патрик Кинг. Сценариото е на Мајкл Патрик Кинг, Саманта Ирби, Рашна Фрухбом, Кели Голф, Џули Ротенберг и Елиса Зурицки. Автор на HBO серијата „Сексот и градот“ е Дарен Стар, а се базира на истоимениот роман на Кендис Бушнел.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 18.11.2021 10:54:33