Рајан Рејнолдс: Тајната за среќен брак е да ви се допаѓа партнерот

Холивудскиот актер Рајан Рејнолдс во изјава за Entertaiment Tonight ја откри тајната на неговиот среќен брак со актерката Блејк Лајвли.



– Ние не се сфаќаме премногу сериозно, а сме и вистински пријатели. Заљубувањето е кул, но дали навистина си се допаѓате? Знаете, тоа прашање треба да си го поставите на самиот почеток на врската, изјави актерот.

Лајвли и Рејнолдс се венчаа во 2012 година и имаат три ќерки. Нивната врска се смета за една од најсилните и најстабилните во Холивуд. Печатот со задоволство ги следи социјалните мрежи на сопружниците, бидејќи таму тие често се шегуваат еден со друг и пишуваат забавни коментари.

Рејнолдс неодамна објави дека ќе паузира од снимањето.

-Сакам да го поминам ова време со моите деца, бидејќи наскоро тие ќе станат тинејџери и ќе ме мразат, се пошегува ѕвездата.

Рајан моментално го промовира филмот „Red Notice“ во кој игра една од главните улоги. Во филмот тој е „вториот најбаран крадец на уметнички дела во светот“, кој е принуден да се здружи со агент на ФБИ (Двејн Џонсон) против крадецот број еден на скапите слики (Гал Гадот). Акционата комедија беше прикажана во ограничен број кина во САД на 5 ноември. Филмот денеска ќе се појави и на Нетфликс.

Извор:  МИА
Објавена на 12.11.2021 11:11:32