Меган Маркл и нејзиниот сопруг, принцот Хари, беа специјални гости на галата „Salute to Freedom”, која што се одржа во Њујорк.
Војвотката од Сасекс, се појави во гламурозна црвена креација од модната куќа Каролина Херера и високи потпетици од Giuseppe Zanotti. Принцот Хари пак се задржа на класичната варијанта на црно одело.
Херера на Инстаграм сподели скица од смелиот црвен фустан на Меган и објасни како тој бил „дизајниран како дел од пред есенската колекција за 2022 година од креативниот директор Вес Гордон“.