Безос со порака до Лео: Дојди тука, сакам да ти покажам нешто....

Џеф Безос можеби е милијардер, но жените како со магнет се прилепуваат за вечниот заводник, Леонардо Ди Каприо.

Девојката на Безос, Лорен Санчез беше буквално маѓепсана од актерот, па заборави на милијардерот. Да биде уште поинтересно, видеото на кое Санчез се „топи“ пред Лео стана вирално на социјалните мрежи.

По ова и самиот Безос реши да се пошегува постирајќи јасна порака до холивудскиот шармер и тагнувајќи го на истата.



-Лео, дојди тука. сакам да ти покажам нешто...,напиша тој како заглавје на сликата на која позира пред знак за опасност за пад од стрмна карпа.

 

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 09.11.2021 13:43:58