Слабејте и додека сте на работа

Ако работата ви одзема премногу време и не стигнувате редовно да вежбате, тоа не значи дека не можете да ја одржувате тежината под контрола.

Неколку вежби кои се многу погодни за изведување во канцеларијата можат да ви помогнат да трошите калории.

1.Кревајте ги колената

Калориите можете да ги трошите дури и кога седите цел ден. Подигнувањето на нозете неколку сантиметри над подот, свиткани во колената, одлично ги затегнува абдоминалните мускули. Мошне суптилна, но ефективна вежба.

2.Стегајте ги стомачните

Стомачните мускули можете да ги тренирате додека седите и додека стоите, а најдобро од сè е што никој нема да знае „тренирате“. Стегајте ги стомачните во интервали од по неколку секунди.

3.Движете се додека телефонирате

Следниот пат кога некој ќе ви заѕвони на мобилен, станете и шетајте додека разговарате. На тој начин дополнително ќе согорите по некоја калорија плус. Доколку онаму каде што работите има скали, движете се по нив.

4. Џвакајте мастика

Додека седите пред компјутерот, ништо не ве чини да џвакате мастика. Покрај тоа што ги штити забите, ги активира мускулите на вилицата, мастиката ве спречува да посегнете по грицките, а според некои истражувања, ја подобрува и концентрацијата.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 08.11.2021 10:46:30