„People“: Крис Еванс е најсекси маж за 2021 година

Американскиот актер Крис Еванс е најсекси маж во 2021 година, според „People“. Крис ќе се најде на насловната страница на списанието следната недела.



Оваа титула тој требаше да ја земе лани, но уредничкиот тим на „People“ сметаа дека е подобро да се почека една година, откако актерот случајно објави слика од својот пенис на интернет, пишува „Page 6“.

Таа титула минатата година ја освои актерот Мајкл Б. Џордан.

Ѕвездата на филмот „Captain America“ лани ненамерно сподели гола фотографија со своите тогашни 5,7 милиони следбеници. Еванс (40) набргу ја избриша сликата, но веќе беше предоцна, бидејќи сликите се проширија на Твитер и останатиот интернет-простор.

Извор:  МИА
Објавена на 05.11.2021 11:46:27