Футурама

Берба на првите чили-пиперки во Вселената

НАСА соопшти дека успешно ги одгледала првите чили-пиперки во Вселената, а астронаутите на Меѓународната вселенска станица ги ставиле во „тако“.



Американската вселенска агенција соопшти дека чили-пиперките се одгледувани во експериментот „Plant Habitat 04“.

-Истражувањето вклучува микробна анализа со цел – осознавање на односите меѓу растенијата и микробите во Вселената и проценка на екипажот за вкусот, текстурата и исхраната на првите пиперки одгледани во Вселената, се вели во соопштението на НАСА.

Пиперките, кои растат на МВС од јули, се од родот „Espanola Improved“. Во 2019 година, НАСА објави дека оваа-чили пиперка ќе биде првото овошје што ќе се одгледува на МВС во потрагата по култури и плодови што астронаутите би можеле да ги однесат и на Марс.

Извор:  МИА
Објавена на 03.11.2021 13:09:37