Ќерката на Алек Болдвин добива закани на Интернет

Манекенката Ајрланд Болдвин соопшти дека добива заканувачки пораки на интернет, откако нејзиниот татко, познатиот американски актер Алек Болдвин беше вмешан во случајното убиство на снимањето на каубојскиот филм „Rust“.



Таа му се заблагодари на еден обожавател кој го сподели неговиот позитивен став кон 63-годишниот актер, меѓу непријателските мејлови СМС-и и повици по смртта на снимателката Халина Хачинс.

-Меѓу некои од најодвратните заканувачки коментари, е-пошта, текстуални и говорни пораки што ги добив деновиве… Овој прекрасен коментар се издвојува, напиша Ајрланд, потоа додавајќи: „Го знам татко ми, но вие не го знаете. Те сакам тато!”

Извор:  МИА
Објавена на 29.10.2021 12:55:58