Меган со часовникот на Дијана на својата рака
Меган Маркл на YouTube-каналот „Brightly Storytime“ читаше приказна за деца, под наслов „The Bench“, што самата таа ја напишала. Сепак, она што привлече најмногу внимание не беше приказната, туку часовникот на раката.
Меган носеше часовник „Картие“ кој некогаш ѝ припаѓал на принцезата Дијана, во вредност од 23.000 долари.
Часовникот е подарок од принцот Хари, наводно, на почетокот на нивната врска. Меѓу накитот кој го носеше Меган е и нараквица Картие од 7.000 долари и тениска нараквица „Џенифер Мајер“ од 3.000 долари. Прстенот од дизајнерката Лорејн Шварц кој чини околу 62.000 долари покрај вереничкиот прстен.
Меган, инаку, учествуваше во иницијатива со цел да им се помогне на родителите да ја разбудат кај децата љубовта кон читањето книги.
– Се надевам дека ви се допадна „The Bench”. Мило ми е што успеав да го споделам со вас и се надевам дека ќе успеете да најдете своја посебна клупа или столче, или мала тивка лулашка – место кое многу ќе ви значи и што ќе го споделите со некого што го сакате, рече таа на крајот.
Извор: МИА
Објавена на 29.10.2021 12:47:50