Вил Ферел одбил 29 милиони долари за „Елф 2“

На Вил Ферел му биле понудени 29 милиони долари за да глуми во продолжението на „Елф“, но тој ја одбил понудата.



Во интервју за „The Hollywood Reporter”, 54-годишниот актер објасни дека заплетот на продолжението изгледал многу сличен на првиот филм. Вил не сакал да го промовира продолжението, што, според него, просто, „не било добро“.

– Ако требаше искрено да го промовирам филмот, ќе требаше да велам „Ох, не, (овој филм) не е добар, но не можам да одбијам толку пари“. Потоа помислив „Дали навистина можам да ги кажам тие зборови?“ Мислам дека не можам, па претпоставив дека не можам ниту да бидам во тој филм, вели тој.

Уште пред неколку години, Вил велеше дека нема да биде дел од продолжението на филмот „Елф“.

– Би изгледало малку патетично ако се обидам „да се пикнам“ во елф хеланки, рече тој во една прилика.

Комедијата „Елф“, инаку, е снимена пред околу 20 години и излезе 2003 година.

Извор:  МИА
Објавена на 29.10.2021 12:28:41