Намирници кои го прочистуваат телото од никотин

Тутунот и цигарите се исклучително штетни за здравјето и честопати, доста е тешко човекот да се ослободи од нив. Но, дури и да успее, влијанието на никотинот врз телото ќе трае со години.

Сепак, постојат намирници кои може да помогнат телото да го исфрли никотинот. Брокулата, на пример е богата со витамините Ц и Б-5, а пушењето го намалува нивото на витамин Ц во организмот.



Во таа смисла, корисни се и карфиолот, кељот, цвеклото, зелката и репката. И сокот од портокал е богат со витамин Ц. Редовното консумирање портокали ќе го забрза метаболизмот и ќе го ослободи телото од стрес.

Никотинот го разградува колагенот – најважниот протеин во телото, а витаминот Ц игра важна улога во неговото обновување. Никотинот го оштетува и квалитетот на кожата. Сокот од морков, во тој поглед, кој го спречува и забавува стареењето, содржи витамини А, Ц, К и Б, за кои, исто така, е докажано дека се ефикасни во елиминирањето на никотинот.

Спанаќот е еден од најздравите зеленчуци бидејќи содржи големи количини фолна киселина. Го штити панкреасот од штетните влијанија на никотинот. Јадењето спанаќ се препорачува и за луѓе со висок крвен притисок, поради благотворното дејство на калиумот.

Кивито го нормализира нивото на витамините А, Ц и Е. Го намалува таложењето на метаболити кои предизвикуваат рак. Друга предност е тоа што кивито помага и во чистење на црниот дроб.

Извор:  МИА
Објавена на 28.10.2021 18:00:13