Роналдо и Џорџина очекуваат близнаци: Нашите срца се полни со љубов!

Роналдо повторно ќе стане татко и тоа на близнаци. Фудбалерот на својот Instagram профил ја сподели убавата вест со фотографија од Џорџина Родригез и ултразвукот.



-Со задоволство Ви објавуваме дека очекуваме близнаци. Нашите срца се полни со љубов - едвај чекаме да ги запознаеме!, напиша тој.

Ова ќе биде втор пар на близнаци во семејството на Роналдо, а прв за Џорџина. Фудбалерот до сега има четрири деца и тоа, Кристијано Џуниор, близнаците Ева и Матео и Алана Мартина. Близнаците се родија благодарение на сурогат-мајка, додека мајката на Кристијано Џуниор и понатаму останува непозната.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 28.10.2021 17:33:12