ЈОРСМ: Оформени предмети за сторени кривични дела во врска со изборите и гласањето

ОЈО Скопје оформи три предмети за сторени кривични дела во врска со изборите и гласањето и тоа за „пукање со огнено оружје“, за „изнуда“ и за „уништување на изборен материјал“, ОЈО Кавадарци отвори еден предмет за „уништување на изборен материјал“, ОЈО Свети Николе еден предмет за „поткуп“, ОЈО Кочани седум предмети, меѓу кои за „поткуп“ и „повреда на слободата на определување на избирачите”, ОЈО Делчево еден предмет за „уништување на изборен материјал“, ОЈО Струга предмет за „уништување на изборен материјал“, ОЈО Гостивар предмет за „повредна на тајноста на гласањето“ и ОЈО Гостивар предмет за „поткуп“, информираат од ЈОРСМ.



Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на локалните избори, формирана во Jавното обвинителство, ја известува јавноста дека во текот на организирањето и спроведувањето на локалните избори заклучно со првиот круг на гласање одржан на 17 октомври 2021 година, пристигнаа голем број известувања, поднесоци и пријави за индиции за сторени изборни нерегуларности.

-По сеопфатна анализа и проверка на наводите во доставените поднесоци и пријави, Комисијата и основните јавни обвинителства кои постапуваа по нив итно и неодложно, утврдија постоење на елементи на сторени кривични дела кои се гонат по службена должност во мал дел од добиените поднесоци и пријави. По нив се оформени предмети во соодветните основни јавни обвинителства и интензивно се прибираат материјални и вербални докази. По нивното разгледување и анализа, надлежните обвинители ќе донесат и соодетни јавнообвинителски одлуки за натамошно постапување, се вели во соопштението од ОЈО.

Извор:  МИА
Објавена на 18.10.2021 13:44:33