Омнибус

Малата Маргарита најмладиот вдомувач во Лајка

Малата Маргарита која наскоро ќе полни 2 години е најмладиот вдомувач на кученце од јавното претпријатие Лајка.



Оваа убавица која плени со својот шарм е посветена на својот крзнен пријател Теди и тие се неразделни. Деновите им поминуваат во игра и забава, ги делат оброците па дури и спијат во ист кревет.

Важно е најмладите генерации да се едуцираат од најрана возраст и да развиваат љубов кон животните но и да се поттикнуваат да вдомуваат и да бидат одговорни. Воспитувањето во духот дека кучето е најдобар пријател на човекот генерира здрави личности со поголема свесност и емпатија.

Извор:  МИА
Објавена на 18.10.2021 13:40:37