Грлиќ Радман: Ситуацијата на Западен Балкан се влошува

Западниот Балкан ќе биде на агендата на министрите на ЕУ во рамките на Советот за надворешни работи, хрватскиот министер предупреди дека ситуацијата во регионот се влошува, јави дописничката на МИА од Брисел.



Состанокот, кој се одржува во Луксембург овој месец, е посветен на сите големи предизвици во областа на надворешната политика на ЕУ, овој пат Западниот Балкан е повторно тема на дискусии.

Пред почетокот на состанокот, хрватскиот министер за надворешни работи, Гордан Грлиќ Радман побара од ЕУ да покаже посветеност на темата.

-Неодамнешните инциденти во Црна Гора, на границата меѓу Србија и Косово се причина за сериозна загриженост. Ситуацијата во овој регион, во југоисточна Европа, на Западниот Балкан, се влошува, и ние треба да дискутираме за ова и да го покажеме нашиот одговор во детали на следниот совет во ноември, рече шефот на хрватската дипломатија.

Извор:  МИА
Објавена на 18.10.2021 11:09:18