Супер моќните Placebo доаѓаат во 2022

После откажувањето на нивната европска турнеја во 2019 година, која ги опфаќаше и Скопје и Македонија, Авалон Продукција го одржа ветувањето и го потврди доаѓањето на еден од најголемите, највозбудливи и сигурно најконстантни по својот квалитет рокенрол бендови PLACEBO, на 16-ти јули 2022 година, на стадионот на АРМ во Скопје.

Веста доаѓа само неколку дена по објавувањето на нивниот нов сингл „Beautiful James”.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во петок, 15-ти октомври во 09 часот наутро по следниве цени и категории:

ПАРТЕР: 1500 денари

ФАН ПИТ: 1990 денари (само 1000 влезници во продажба)

Оние што ги имаат зачувано влезниците за настанот кој требаше да се одржи на 25.06.2020 година, не мора да ги заменуваат картите со новиот датум доколку тоа не го сакаат бидејќи сепак ќе им бидат важечки.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 14.10.2021 13:04:41