Футурама

Капетан Кирк во солзи по патувањето во Вселената

Вилијам Шетнер помина 11 минути во ракетата на вселенската агенција „Blue Origin“ во земјината Орбита. Славниот капетан Кирк – иконата на „Ѕвездени патеки“, вчера стана највозрасниот човек што отишол во Вселената.



– Секој треба да го направи ова, беше неверојатно!, рече канадскиот актер по враќањето на Земјата.

Официјално, не е соопштено дали Шетнер летал бесплатно или Џеф Безос му наплатил за патувањето.

Актерот на Твитер ја опиша Земјата како „скапоцен камен, топла, сакана, грижлива наша планета“.

Летот на „Blue Origin“ со леталото „New Shepard“ вторпат однесе четири лица во орбитата. На патувањето беа и Одри Пауерс, потпретседателка на „Blue Origin“ одговорна за операции на летовите, како и Крис Бошвизен и Глен де Врис.

Извор:  МИА
Објавена на 14.10.2021 12:27:56