Роналдо „играч на месецот“ во Премиер лигата

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо, е избран за најдобар фудбалер во месец септември во Премиер лигата, соопштено е денеска на официјалниот сајт на натпреварувањето.



Португалскиот напаѓач сезонава се врати на „Олд Трафорд“ по пауза од 12 години и во првите три натпревари за „црвените ѓаволи“ постигна три голови.

За најдобар тренер во изминатиот месец во англиското првенство е прогласен стратегот на Арсенал, Микел Артета.

Извор:  МИА
Објавена на 08.10.2021 15:35:11