Футурама

Како адвокатите да ја зголемат својата ефикасност?

Добрата организација е клучот за успехот на една адвокатска канцеларија!

Денес од една современа адвокатска канцеларија се очекува електронско водење на документацијата, брз пристап до документите од разни рочишта, безбедност на податоците.



Токму со цел да ги задоволи овие потреби на адвокатите е креирана специјализираната програма „Е-Едвокат“. Таа обезбедува детални записи за сите случаи, рочишта, тужби, извештаи, како и нивните видови (на пример, рочишта во следните 7 дена, сослушувања без извештаи, случаи од клиенти, датуми, дејствија во постапката, итн). Преку оваа платформа адвокатската канцеларија добива можност за брзо и лесно пребарување на целата документација и следење на фазите на сите дејствија во постапката.

Добра организација на една адвокатска канцеларија значи максимално искористување на времето, со зголемен квалитет на работата и резултатите. Е-адвокат е огледало на добро организираната работа на секоја успешна адвокатска канцеларија.

Извршување на секојдневните обврски и процеси на најефикасниот начин е еден од темелите за успех во деловниот свет. Модернизацијата им помага на адвокатите да ја зголемат својата ефикасност, а поголемата ефикасност потоа се претвора и во поголем профит. За неколку години, главната поделба на адвокатите нема да биде на мали, средни и големи - туку на паметни адвокатски канцеларии и оние кои не успеале навреме да се приспособат на промените на дигиталното време.



“Е-адвокат им овозможува на адвокатските фирми да ја чуваат целата своја документација (вклучително и електронски потпишан документ) во еден систем во согласност со сите законски прописи. Архивирањето, складирањето, пребарувањето и управувањето со сите случаи е значително забрзано, притоа постигнувајќи повисоко ниво на квалитет на работата на адвокатската канцеларија.”, смета г. Трајче Манолев од компанијата Маркант Софтвер која ја разви платформата, со поддршка на ФИТР.

После сè што се случи, и по она што продолжува да се случува, време е да се запрашаме, што е следно?

Дигиталната револуција на 21 век ни донесе мал милион дигитални алатки и функционалности, кои ја имаат моќта да ни го подобрат квалитетот на живот и работа, како и да го зголемат профитот, ако се користат на правилниот начин. Паметните претприемачи и адвокати веќе го направија првиот чекор кон прифаќање на дигиталната револуција која се случува околу нас. Сега вие сте на ред!

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 08.10.2021 15:32:43