На Мареј му ги вратија патиките и свадбениот прстен

Поранешниот најдобар светски тенисер Енди Мареј ги доби назад своите патики и свадбениот прстен, кои му беа украдени од пред хотелската соба спроти неговиот прв натпревар на тенискиот турнир во Индијан Велс.

View this post on Instagram

A post shared by Andy Murray (@andymurray)


Британскиот тенисер откако се ожени во 2015 година свадбениот прстен кога настапува на турнирите најчесто го чува врзан за врвките на патиките. Мареј истото го направи и на Индијан Велс каде по вчерашниот тренинг се вратил во хотелската соба, но притоа ги оставил патиките да се проветрат пред влезната врата.

Шкотскиот тенисер објави молба на социјалните мрежи да му се помогне во потрагата по прстенот и патиките, која вроди со плод.

– Дали ми верувате? (Патиките) сè уште смрдат, но тука се. Се врати и свадбениот прстен и повторно сум добар со сопругата. Одиме!, објави Мареј во видеопорака со која им се заблагодари на сите кои помогнале во потрагата по украдените предмети.

Извор:  МИА
Објавена на 08.10.2021 12:54:16