Меган Маркл троши над 700 евра за нега на кожа

Дерматолози од британската клиника „Вера“ открија дека Меган Маркл има најскапа рутина за нега на кожата во кралското семејство. Имено, производите коишто таа ги користи секој ден, чинат околу 720 евра.



На второ место е војвотката од Кембриџ, Кетрин Мидлтон, чии потреби и козметички производи чинат нешто повеќе од половина од оние на Меган – близу 370 евра.

Еден од поскапите производи во комплетот на Меган е навлажнувачкиот серум за лице – „Кејт Сомервил Квинч“, кој чини околу 80 евра. Маслото од чајно дрво е едно од поевтините средства и чини само 6 евра, а пак, масерот за образи, вилица и лице, од „Никола Џос“ – 410 евра. За него Меган вели дека „го обликува вашето лице однатре кон надвор“.

Меѓу другите производи што ги користи војвотката од Сасекс, се навлажнувачки спреј за заштита од сонце „Нивеа“ (7 евра), пилинг во прав „Tatcha Rice Enzyme“ (68 евра), смирувачки серум „Decleor Aromessence Rose D’Orient“ (58 евра) и скапоценото масло „Caudalie Permier Cru“, коешто вреди 61 евро. Меган користи и третман на усни со свеж шеќер за 25 евра, како и марамчиња за чистење „Бјоре“, со цена 12 евра.

Извор:  МИА
Објавена на 08.10.2021 11:29:10