Италија загуби дома за прв пат од 1999 година

Италијанската фудбалска репрезентација синоќа загуби од шпанскиот национален тим (1:2) во полуфиналето од Лигата на нации. Италијанците загубија за прв пат во последните 22 години на домашен терен. Натпреварот се одигра во Милано на „Сан Сиро“.



Ова е прв пораз за „азурите“ од 1999 година кога во Неапол беа надиграни од Данска (2:3).

Воедно прекината е серијата на Италија од 37 натпревари без пораз. Пред овој меч, избраниците на селекторот Роберто Манчини имаа 28 победи и девет нерешени исходи. Последен пат беа поразени од Португалија (0:1) во септември 2018 година.

Извор:  МИА
Објавена на 07.10.2021 10:52:26