Лаури со победа дебитира за Мајами

Кајл Лаури ноќеска дебитираше за Мајами хит. Кошаркарот учествуваше на првиот претсезонски натпревар на тимот од Флорида против Атланта.



Ол-стар ветеранот, кој се пресели во Хит од Торонто репторс во летниот трансфер прозорец во НБА-лигата реализираше удар за три поени.

За 15 минути на теренот, Лаури постигна пет поени, четири скока и седум асистенции. Мајами го доби натпреварот со 125:99, а Лаури беше на паркетот 15 минути.

Извор:  МИА
Објавена на 05.10.2021 09:05:35