„Дизни” и Скарлет Јохансон постигнаа спогодба на суд

Компанијата „Волт Дизни“ и Скарлет Јохансон се спогодија околу судскиот спор околу дистрибуцијата на филмот на „Марвел“ – „Црната вдовица“.

Јохансон ја тужеше компанијата, обвинувајќи дека го прекршиле договорот со објавувањето на платформата „Дизни плус“, додека филмот се емитуваше и во кината. Актерката сметаше дека оваа одлука ја лишува од можна заработка.

Подробности од договорот засега не се откриваат.

– Многу сум задоволен што успеавме да постигнеме заеднички договор со Скарлет Јохансон околу спорот за „Црната вдовица“. Го цениме нејзиниот придонес во кино-универзумот „Марвел“ и со нетрпение очекуваме да работиме заедно на уште многу претстојни проекти, вклучувајќи ја и „Кулата на теророт“ (Tower of Terror), рече Алан Бергман, претставник на студиото „Дизни“.

Скарлет исто така, е задоволна што успешно ги реши своите разлики со продукцискиот гигант и се радува на натамошната соработка.

– Многу сум горда на работата што ја правевме заедно во текот на годиниве и многу сум среќна со мојот креативен однос со тимот на компанијата, вели таа во своето соопштение.

Извор:  МИА
Објавена на 01.10.2021 11:28:01