Анкета: Брегзит го влоши животот на повеќе од половина Британци

Повеќе од половина Британци се на негативен начин засегнати од Брегзит, покажуваат податоците од новото истражување, кое исто така покажува дека бројот на луѓе со вакво мислење се зголемува, пренесува Политико.



YouGov ги праша луѓето како излегувањето на земјата од Европската унија влијаело на нив, при што дури за 53 отсто одговориле дека Брегзит ги влоши работите, што е за 15 процентни поени повеќе од јуни кога беше поставено истото прашање. Испитаниците со негативна оценка може да се поделат на два: оние што мислат дека Брегзит влијае „прилично лошо“ (21 процент) и оние кои мислат дека е „многу лошо“ (32 проценти).

Бројот на луѓе со позитивен став кон Брегзит е намален за седум процентни поени од јуни, на 18 отсто – 14 проценти од нив рекле дека им оди „доста добро“, а само четири проценти „многу добро“.

За 21 отсто „ниту е добро, ниту е лошо“, а осум проценти велат дека не знаат.

Истражувањето е спроведено меѓу 6.546 возрасни Британци.

Извор:  МИА
Објавена на 30.09.2021 14:39:17