Роналдо: Ако не победевме со Виљареал, шансите за да ја поминеме групата ќе беа минимални

Творецот на победата на Манчестер јунајтед на синоќешниот натпревар со Виљареал, Кристијано Роналдо, ги оцени шансите на неговиот тим во Ф-групата од Лигата на шампионите.



Роналдо на „Олд Трафорд“ погоди во петтата минута од судиското надополнување за конечни 2:1 за Јунајтед кој губеше до 60. минута.

– Доколку не победевме, тешко ќе можеше да се смета на поминување на групата. Овие три бода се многу важни за нас. Сега остануваме во комбинација. СЕ е можно до крајот, има уште четири натпревари, истакна Роналдо.

По две кола, Аталанта е лидер со четири бода, Јанг Бојс има три, Манчестер јунајтед исто така три, Виљареал е последен со еден бод.

Извор:  МИА
Објавена на 30.09.2021 10:30:28