Томпсон: Ќе бидам отсутен до крајот на ноември или почетокот на декември

Кошаркарот на Голден Стејт, Клеј Томпсон изјави дека ќе пропушти најмалку еден месец од НБА сезоната 2021/22.



– Точниот датум на моето враќање не е одреден, но не очекувајте да пропуштам помалку од 12 месеци, што значи дека ќе отсуствувам барем до крајот на ноември или почетокот на декември, информира Томпсон.

За време на шестиот натпревар од финалната серија 2019, Томпсон скина вкрстени лигаменти на коленото. Закрепнувајќи од повредата, 31-годишниот „снајперист“ беше подготвен да се врати во сезоната 2019/20, но во ноември ја скина Ахиловата тетива.

Во август, беше објавено дека Вориорс планираат да го вратат Томпсон во тимот за Божиќниот натпревар против Феникс на 25 декември.

Извор:  МИА
Објавена на 28.09.2021 15:11:32