Граѓаните на Берлин се изјаснија за експропријација на 250.000 станови

Гласачите во Берлин го поддржаа предлогот на градските власти од корпоративните сопственици да преземат речиси 250.000 станови, во вредност од повеќе милијарди евра, со цел да се запре растот на цените за закуп.



Според конечните резултати од вчера одржаниот референдум, 56,4 отсто од гласачите поддржуваат експропријација, а 39 проценти се против.

Референдумот ја принудува Владата во Берлин да ја разгледа можноста за експропријација на становите. Цените за наем изминатите години станаа недостапни за многу жители на Берлин.

Извор:  МИА
Објавена на 27.09.2021 11:49:53