Конте демантира преговори со Арсенал

Шпекулации се наводите дека Антонио Конте е во преговори да седне на клупата на премиерлигашот Арсенал, пренесуваат италијанските медиуми, повикувајќи се на менаџерскиот тим на 52-годишниот фудбалски стратег.



Конте е без тренерски ангажман од минатото лето, кога неочекувано по недоразбирање со клупското раководство го напушти кормилото на Интер, откако минатата сезона им ја донесе на „нероаѕурите“ првата шампионска титула по пауза од една деценија.

Конте е цврст во одлуката да одмори од фудбалот и во оваа фаза не води преговори со ниту еден клуб, наведуваат италијанските медиуми, по информациите, кои овој месец се појавуваат во повеќе европски медиуми дека поранешниот тренер на Интер ќе го наследи Микел Артета во Арсенал.

Извор:  МИА
Објавена на 24.09.2021 14:19:53