Австралија вакцинираше половина од возрасната популација

Повеќе од половина од возрасната популација во Австралија до денеска е целосно вакцинирана против Ковид-19, соопштија локалните власти кои настојуваат дополнително да го забрзаат процесот на вакцинација за да се олеснат строгите рестриктивни мерки.



Австралија моментално е во екот на третиот бран на зараза со делта варијантата, која брзо се шири, што ги затвори двата најголеми града, Сиднеј и Мелбурн и главниот град Канбера. Мерката зафати речиси половина од 25 -те милиони жители на Австралија.

Сојузната држава Викторија има 733 нови случаи на инфекција, што е втор најголем број случаи за еден ден по вчерашните 766. Повеќето случаи се регистрирани во Мелбурн.

Во Нов Јужен Велс има 1.043 нови инфекции, нешто помалку од вчерашните 1.063 случаи.

Извор:  МИА
Објавена на 24.09.2021 09:47:08