„Нетфликс“ освои најмногу „Еми“ награди

„Нетфликс“ ги освои највредните статуетки на овогодишните „Еми“ награди. Меѓу нив, британската серија за кралското сeмејство „The Crown” е прогласена за најдобра драма, а „Queen’s Gambit” е најдобра мини-серија.



И двете ТВ-серии освоија по 11 награди.

Серијата „Ted Lasso“ ги собра наградите за најдобра комична серија, најдобар главен актер во комична серија (Џејсон Судејкис), како и женска и машка споредна улога (Хана Вадингам и Брет Голдстејн). ТВ-серијата на стрим-платформата „Apple TV Plus“ освои вкупно седум „Еми“ статуетки.

Оливија Колман и Џош О’Конор од „The Crown“ ги освоија телевизиски драмски награди за главни улоги. Колман и О’Конор ги глумеа кралицата Елизабета Втора и принцот Чарлс.

Кејт Винслет е прогласена за најдобра актерка, за мини-серијата „Mare of Easttown”, а Јуан Мекгрегор победи со улогата на моден дизајнер во „Халстон“.

Извор:  МИА
Објавена на 20.09.2021 12:47:59