Деле Али разочаран од резултатот на Тотенхем против Челзи

Играчот за врска на Тотенхем, Деле Али проговори за поразот во 5. коло од Премиер лигата против Челзи (0:3).



– Можевме да прикажеме подобра игра и да освоиме три бода. Добро го започнавме натпреварот, бевме задоволни од нашето издание за време на паузата. Мислевме дека ја контролираме играта. Резултатот е неправеден. Но, ние мора да го прифатиме и да продолжиме напред, изјави Али за Би-би-си.

Челзи трите гола ги постигна во второто полувреме.

По пет кола од Премиер лигата, Тотенхем има освоено девет бода и е на 7.место.

Во следниот натпревар, Спарс ќе се соочи со Вулверхемптон во натпревар од третата рунда во Лига купот. Средбата ќе се одржи на 22 септември.

Извор:  МИА
Објавена на 20.09.2021 10:44:11