Со чај до подобро здравје

Од античките Египќани до модерната јапонска култура, чајот веќе долго време е почитуван поради бројните здравствени придобивки кои ги нуди. Истите потекнуваат од соединенијата познати како катехини, кои се моќни полифеноли и антиоксиданси.



Од сите видови чај, белиот и зелениот содржат најмногу катехини и нивни деривати благодарение на соединението Epigallocatechin Gallate (EGCG), кое е корисно за срцето и мозокот и спречува болести како дијабетес и потенцијално канцер.

Чајот од лаванда е познат по своите релаксирачки ефекти стотици години, а студии покажале корелација помеѓу вдишувањето на лаванда и намалениот крвен притисок и отчукувања на срцето. Камилицата го редуцира стресот и анксиозноста и може да го подобри квалитетот на сонот, како и на имунолошкиот систем.

Истражувањата покажуваат дека таа содржи хемиски соединенија кои можат да ја зголемат продукцијата на белите крвни клетки кои се одговорни за справување со бактериите, вирусите и останатите извори на инфекции.

Антиоксидансите во чаевите помагаат за редуцирање на воспаленијата во телото, за што најефикасен е чајот од роза. Зелениот чај, пак, докажано помага за намалување на холестеролот и воспаленијата, како и за заштита од разни срцеви заболувања, додека оној од нане го смирува дигестивниот систем.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 17.09.2021 16:19:51