Рено отпушта 2.000 работници во Франција

Францускиот производител на автомобили „Рено“ најави укинување на најмногу 2.000 инженерски и работни места во Франција, како дел од пренасочувањето кон производството на електрични автомобили. Раководството на фирмата наскоро ќе почне и преговори со синдикатите за нови планови, објави „Рено“.



Францускиот автомобилски гигант работи со загуба и претходно веќе најави намалување на бројот работни места во својата матична земја за околу 4.600 како дел од преструктурирањето. Вкупно, како што најавија, ќе отворат 500 нови работни места, откако ќе вработат 2.500 работници на други работни места.

Нивната цел е „да се создадат девет нови модели на автомобили“ во Франција, истакнуваат од компанијата.

Како конкуренцијата, така и „Рено“ се обидува да ја зголеми понудата на електромобили, па затоа ќе ангажираат работници во нови области, заради стручност во новите технологии.

Извор:  МИА
Објавена на 17.09.2021 13:28:34