МЕТ гала на сред пандемија: Познатите во смели и бизарни креации

По пауза од година дена, познатите повторно се собраа во Њујорк, за да присуствуваат на гламурозната МЕТ гала.

Ковид пандемијата не ги спречи звучните имиња од светот на шоу бизнисот да бидат дел од најпрестижниот моден настан на годината. Сепак, оние кои сакаа да учествуваат на манифестација, мораа да приложат доказ дека се вакцинирани.

Ѕвездите од А-листата излегоа со смели, убави, но и навистина бизарни изгледи додека се забавуваа во центарот на вниманието на црвениот тепих пред Музејот на уметноста ,,Метрополитен”. Темата на годинешната МЕТ гала беше ,,Во Америка: Лексикон на модата”.

Ким Кардашијан се покри од глава до пети во црнило, Џенифер Лопез шармираше во вестерн креација од Ралф Лорен, додека Били Ајлиш изненади со раскошно и гламурозно издание со потписот на Оскар де ла Рента.







Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 14.09.2021 13:49:55