Анчелоти по 5:2 со Селта: Потенцијалот на Реал во нападот е неверојатен

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти е задоволен од играта на неговиот тим во нападот. „Кралевите“ синоќа со 5:2 ја совладаа Селта во шпанското првенство.



-Победивме убедливо, но играта сè уште не е совршена. Навивачите многу ни помогнаа. Имавме две дефанзивни грешки и треба да работиме на одбраната. Во исто време, нашиот напаѓачки потенцијал е неверојатен. Реагиравме добро во одредени моменти тоа ни помогна да победиме. Еден Азар не постигна гол, но одигра квалитетно. Добро комуницираше со Бензема. Камавинга има многу квалитети, треба да се навикне на соиграчите, додека Винисиус игра многу добро и ефикасно и ефикасно. Тој покажува високо ниво. Ова е играч со импресивен квалитет и вештини, рече Анчелоти.

По четири кола во Ла Лига, Реал Мадрид е лидер на табелата со 10 бодови, колку што имаат и второпласираната Валенсија и шампионот Атлетико Мадрид кој е на третото место.

Извор:  МИА
Објавена на 13.09.2021 10:55:35