Канадскиот поп-пејач Џастин Бибер е прогласен за „Изведувач на годината“ на вчерашното доделување на Ем-ти-ви видео-музичките награди (ВМА).
Примајќи ја наградата, Бибер истакна дека oвaа година не била лесна за никого поради пандемијата на коронавирус, а особено ѝ се заблагодари на неговата сопруга, Хејли Болдвин, со која се венчаа изминатава година. Меѓу конкурентите на Бибер за наградата беа ѕвезди како Аријана Гранде и Тејлор Свифт.
Соработката на Канаѓанецот со Гивеон и Даниел Цезар – „Peaches“, беше прогласена за најдобра музика во категоријата за „Поп-песна“.
Доделувањето на наградите на MTV оваа година се врати во вообичаениот формат – се одржа во живо од „Центарот Баркли“ во Бруклин во присуство на публика. Во август, инаку, телевизијата прослави 40 години постоење. Водителка овојпат беше Доџа Кет.
Оливија Родриго ја освои наградата за „Песна на годината“, а Лил Нас Екс ја доби онаа за „Видео на годината“.
Поважни награди
„Видео на годината“: „Montero (Call Me By Your Name)” – Лил Нас Екс,
„Уметник на годината“: Џастин Бибер,
„Песна на годината“: „Drivers License” – Оливија Родриго,
„Најдобар нов изведувач“: Оливија Родриго,
„Поп-песна на годината“: „Рeaches” – Џастин Бибер, во соработка со Гивеон и Даниел Цезар,
„Хип-хоп песна на годината“: „Franchise” – Тревис Скот, со Јанг Таг и М.И.А.,
„Алтернативна музика и песна на годината“: „My Ex’s Best Friend” – Машин ган Кели, со Блекбер,
„Ар-ен-би песна на годината“: „Leave the Door Open” – Бруно Марс,
„Најдобра кореографија”: „Treat People With Kindness” – Хери Стајлс.